КОНТЕ Е СПРЕМЕН ДА Ѝ СЕ ВРАТИ НА СТАРАТА ДАМА, А НЕГОВИОТ ЗАМЕНИК ИСТО ТАКА Е ТРОФЕЕН ИТАЛИЈАНЕЦ
Објавено на: 26.05.2025
Наполи во петокот навечер ја обезбеди четвртата шампионска титула во Серија А во својата историја, а најзаслужен за успехот на Наполтанците се разбира е Антонио Конте. Во сезоната полна со преплети и неизвесности, тимот на Конте успеа до крај да го издржи притисокот на Интер и да го обезбеди Скудетото, меѓутоа сега клубот, односно управата ја чека тешка задача.
Две опции се во игра, едната е да се исполнат желбите кои Конте ги бара за да остане на „Диего Марадона“ стадионот, како што се буџет од 200 милиони евра и слобода да го состави тимот како што сака. Втората е разделба со стратегот кој им донесе успех, а на негово место да се ангажира Масимилијано Алегри.
Алегри и тоа како има шампионско педигре од деновите кога ги водеше Милан и Јувентус, па делува како најдобра опција за претседателот Де Лаурентис. А, во случај Конте да си замине, негова следна дестинација ќе биде доста позната, односно би било тоа камбек во Јувентус првпат окако го напушти клубот пред 11 години, поточно по крајот на сезоната 2013/14.