Фудбал

БРУТАЛНА РАЗЛИКА: КОЛКУ ЗАРАБОТИ БАРСА ОД ЛА ЛИГА, А КОЛКУ САНДЕРЛЕНД ЗА ВЛЕЗ ВО ПЛ?

Отсекогаш било познато дека англиските клубови заработуваат највисоки суми од ТВ-права и успеси на фудбалските терени, но оваа разлика меѓу Барселона и Сандерленд ќе ве натера навистина да се запрашате што не е во ред со останатите земји каде фудбалот е број 1 спорт.

Имено, Каталонците за освојување на титулата во Шпанија инкасираа 61 милион евра, сосема солидна сума и секако добредојдена за претседателот Лапорта.

Колку за споредба, Сандерленд инкасира дури 257 милиони евра откако обезбеди камбек во Премиер лигата по победата од 2-1 над Шефилд јунајтед во финалето од плејофот во Чемпионшип. Речиси 200 милиони евра е разликата помеѓу еден од најуспешните клубови во Европа и повратникот во англиската елита.

Заработката на Сандерленд од пласманот во ПЛ е нов рекорд во англискиот фудбал, откако претходно највисоката сума за победа во финалето од плејофот беше исплатена на Брентфорд во вредност од 212 милиони евра во 2021 година.