ТИПУВАМЕ

УПОРНОСТА НА ИГОР СЕ ИСПЛАТИ: ВТОРНИЧКАТА КОМБИНАЦИЈА МУ БЕШЕ ДОБИТНА, ЌЕ БИДЕ ЛИ И ДЕНЕШНАТА?

Јасно беше дека кога-тогаш упорноста ќе му се исплати на Игор Трпески. Вторничкиот предлог-тикет конечно му донесе сефте добивка, па денес повторно типува за слична добивка.

Денешното издание на нашиот билтен е преполн со зицери и одлични коефициенти, па Игор повторно издвои шест пара со кои ќе се обиде да врзе два добитни предлог-тикети.

Ова е неговата замисла:

КРИСТАЛ ПАЛАС – ЛИВЕРПУЛ: Вкупно голови 3+

Палас и Ливерпул сезонава веќе одиграа еден меѓусебен дуел, по 120 минути игра во Комјунити шилд резултатот беше 2-2, а Палас го доби пенал-рулетот. Сега како единствените две непоразени екипи во Премиер лигата, се очекува повторно да приредат возбудлив меч исполнет со голови.

ТОТЕНХЕМ – ВУЛВЕРХЕМПТОН: Домаќинот да постигне 1+ гола во прво и 2+ гола во целиот меч

Тотенхем со Постекоглу во две сезони не успеа да ги совлада Волците на домашен терен, па сега Томас Франк мора да ја прекине таа лоша мини-серија. Сепак, нема да се бара победник во овој дуел, туку очекувањата се домаќините да постигнат барем два гола, од кои еден да биде во првото полувреме.

РОМА – ВЕРОНА: Победа домаќин

Освен поразот од Торино, Рома делува разиграно под водство на Гасперини, па затоа и типуваме Волчицата да ја искористи фаворитската улога. Според претходните меѓусебни дуели, Рома славеше во 4 од последните 5, па нека продолжи серијата и во оваа средба.

ВОЛФСБУРГ – ЛАЈПЦИГ: Реми или победа на гостинот и 2+ гола

Домаќините три меча немаат победено, додека Лајпциг цели на четврти триумф во низа во Бундеслигата. Иако е тешко според минатите меѓусебни дуели да се предвиди кој би можел сега да ги освои трите бода, Игор игра претпазливо со двојната шанса, а сигурни е дека ќе има барем два гола.

МИЛАН – НАПОЛИ: Гол-гол

Ќе биде дерби во вистинска смила на зборот. Росонерите се во серија од четири победи, додека Наполи има перфектен учинок во Серија А со 5/5 победи. Историјата вели дека голови дефинитивно ќе има, а се бара по еден на двете страни.

ВАЛЕНСИЈА – РЕАЛ ОВИЕДО: Победа домаќин

Тимот на Столе Димитриевски сезонава ќе нема многу прилики во кои ќе биде фаворит, па затоа оваа ретка шанса мора да се искористи. Лилјаците ја отворија сезоната со по две победи, две ремија и два порази, а за нови три бода не би требало да имаат проблеми против Овиедо, како тим на кој му се предвидува испаѓање од елитата.

Предлог-тикетот Игор го уплаќа стандардно со 200 денари, а доколку се решите овојпат да се потпрете на неговата визија, кодот за уплата можете да го искористите до утре до почетокот на првиот натпревар.

КОД: 130055