УДРИ ГО ПО ЏЕБОТ ЗА ДА ЈА НАУЧИ ЛЕКЦИЈАТА
Објавено на: 25.09.2025
Фудбалската јавност два дена е во неверување по непромислениот потег на Уго Екитике во дуелот на Ливерпул и Саутемптон во англискиот Лига Куп. Францускиот голгетер ја донесе победата за Црвените со погодокот за 2-1 во 85-тата минута, а при прославата на голот заборави дека веќе е санкциониран и го соблече дресот, што резултираше со втор жолт картон и исклучување.
Арне Слот беше видно незадоволен од потегот на 90-милионскиот напаѓач, јавно го искритикува и го натера Екитике преку социјалните мрежи да се извини, но клубот реши дополнително да го санкционира.
Екитике нема да биде дел од екипата на Црвените која викендов ќе се соочи со Кристал палас, црвениот картон од куп-дуелот важи и во рамки на Премиер лигата, па ова оставање на цедило на неговите соиграчи нема да помине неказнето. Имено, англиските медиуми тврдат дека Ливерпул му изрече парична казна на Екитике во износ од 500.000 евра, односно ќе му скратат од плата.
Можеби казната делува ригорозно, но удирањето по неговиот џеб дефинитино ќе му биде лекција на Екитике да не повтори ваква глупост.