ИГОР И ОВОЈ ВТОРНИК СОСТАВИ ПРЕДЛОГ-ТИКЕТ СО СОЛИДНА ДОБИВКА
Објавено на: 23.09.2025
Двапати во низа англиски парови му го кратат задоволството на Игор Трпески да биде добитен, па затоа сега нема да типува дуели меѓу две англиски екипи. Фокусот е на шпански и италијански фудбал, како и Лигата на Европа која почнува во четврток.
Во нашиот билтен со богата понуда, Игор ги најде следниве шест типови со одлични коефициенти:

ЛЕВАНТЕ – РЕАЛ МАДРИД: Победа гостин со 1+ гола во прво полувреме и 3+ гола
Кралевите по пет кола во ЛА Лига имаат максимален учинок, а во овој случај тешко дека Леванте ќе биде тимот кој ќе ја прекине победничката серија на Реал. Тимот на Алонсо од меч во меч игра подобро и подобро, па затоа се очекува покрај трите бода кои треба да припаднат на Реал, да паднат и барем три гола на мечот, од кои еден во првото полувреме.
СЕВИЉА – ВИЉАРЕАЛ: Гол-гол
Како екипи кои редовно погодуваат, но и примаат погодоци во овој воведен дел од сезоната, најлогичен тип беше да се очекува барем по еден гол од двата тима. Впрочем, мрежите на двете страни се треселе во последните седум меѓусебни дуели на Севиља и Виљареал.
МИЛАН – ЛЕЧЕ: 0-1 гол во прво и 0-2 гола во второ полувреме
Милан и Лече веќе се сретнаа еднаш сезонава, а ждрепката во Купот на Италија повторно ги спои. Росонерите во лигашката средба славеа со 2-0 откако немаше погодоци во првото полувреме, а таков исход и сега би одговарал.
КОМО – САСУОЛО: Победа домаќин
Комо и оваа сезона ќе биде тврд орев како за поамбициозни, така и за тимови кои гледаат да остварат што е можно подобри резултати. Оваа куп-пресметка би требало да ја добие екипата предводена од Цеск Фабрегас, само поради подобрата форма во однос на Сасуоло.
АСТОН ВИЛА – БОЛОЊА: Победа домаќин
Тимот на Унај Емери ја реализира првата мисија, конечно Астон вила го скрши мразот и постигна гол, а сега е време и да се оствари првата победа во било кое натпреварување. Стартот на нивната кампања во Лигата на Европа им е против незгодната Болоња, која во ланската сезона неретко знаеше да совлада италијански екипи со шампионски амбиции.
ШТУТГАРТ – СЕЛТА ВИГО: Гол-гол
Сезоната на Штутгарт тргна од крајност во крајност, или победува или губи, додека пак Селта ремизираше на 5 од вкупно 6 меча кои ги одигра сезонава. Во оваа европска пресметка не се бара победник, но и тоа како се очекува да падне по минимум еден гол на двете страни.

Со 200 денари колку што Игор стандардно вложува во неговата типстерска визија, се добива солидна добивка. Сепак, ваша е одлуката дали до вечерва ќе го препишете тикетот со кодот за брза уплата, и ќе вложите колку што сакате.
КОД: 120623