АЛИОСКИ ДО СОИГРАЧИТЕ: ПОКАЖЕТЕ ШТО ЗНАЧИ ДА СЕ БОРИ ЗА МАКЕДОНИЈА
Објавено на: 26.03.2026
Македонската фудбалска репрезентација вечерва ја игра една од најважните битки во последните години. Од 20:45 часот, на распродадениот Паркен во Копенхаген, избраниците на селекторот излегуваат на мегдан со Данска во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство.
Влогот е огромен, само еден чекор дели од финалето на баражот баш онаков каков што го игравме на претходниот циклус против Португалија, а потоа и од сонот што цела нација го чека: Пласман на Светско првенство.
Иако нема да биде дел од тимот поради повреда, Езгјан Алиоски испрати порака што одекна меѓу навивачите и соблекувалната, порака полна со емоција, гордост и мотив.
Ова не е само натпревар, ова е борба за нашата татковина. За секој што верува во нас, што се радува и тагува заедно со нас. Денес не играме само со дресот, туку со сè што носиме во себе. Боли што не сум таму со вас, што не можам да ја делам битката на теренот. Но знајте дека сум со вас во секој момент, во секој дуел, секој потег, секој удар. Излезете храбро, играјте со срце и покажете што значи да се бори за Македонија. Да направиме нешто што ќе ја направи цела нација горда.
Победникот од овој дуел ќе се пласира во финалниот бараж, каде ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу Чешка и Ирска.