СЛАЛОМ НА БРАХИМ „А ЛА“ МЕСИ (ВИДЕО)
Објавено на: 13.02.2024
Брахим Дијаз е човекот кој го отвори дуелот меѓу Лајпциг и Реал Мадрид во првиот осминафинален дуел во Лигата на шампионите.
Се играше 48-та минута кога офанзивецот на Кралевите ја зеде работата во свои раце и со соло продор покрај неколку противнички фудбалери, мајсторски ја испрати топката во голот на Гуласки.
Покрај важното водство од 1-0 за Реал, води и Манчестер сити исто така на гостувањето во Копенхаген, со резултат од 2-1 уште од првото полувреме.
BRAHIM DIAZ WHAT A GOAL! 🤯 pic.twitter.com/Pjt3DPEptV
— TC (@totalcristiano) February 13, 2024