Фудбал

ГОЛЕМИОТ ПОТПИС ВО АРСЕНАЛ Е ЛОША ВЕСТ ЗА РЕАЛ МАДРИД

Арсенал успеа да заврши голема работа, го убеди Вилијам Салиба да потпише нов повеќегодишен договор кој ќе важи до јули 2030 година. Овој потег за Топчиите нема да се прифати лесно во Мадрид, бидејќи Реал чекаше шанса да преговара со францускиот стопер за бесплатен трансфер, со оглед на тоа дека претходната соработка му важеше до летото 2027 година.

Кралевите остануваат без шанса да го повторат сценариото со Трент Александер-Арнолд, бидејќи Салиба нема да мрдне од „Емирати“ во наредните пет години. Како централна фигура во одбранбената линија на Артета, Салиба се етаблира во еден од најдобрите стопери во Премиер лигата, но и светот, па продолжување на соработката беше логичен потег на гигантот од северниот дел на Лондон.

Во меѓувреме се очекува уште еден голем потпис во Арсенал, наскоро и Букајо Сака треба да ја официјализира обновата на соработката, која исто така ќе трае до летото 2030 година, според информациите на повеќе англиски медиуми.