Фудбал

ОКО ЗА ОКО, SВЕЗДА ЗА SВЕЗДА? ПСЖ ТРГНА ПО ПОТПИСОТ НА КРАЛСКАТА 7-ЦА

Реал Мадрид го реализира трансферот на векот со ангажманот на Килијан Мбапе без отштета, па сега ПСЖ ќе се обиде да го возврати ударот.

Според францускиот новинар Мохамед Бухафси, Светците ја отпочнаа мисијата да ја откупат „7-цата“ на Кралевите со цел да ја пополнат празнината која Мбапе ја остави зад себе. Винисиус јуниор е апсолутната главна мета на Парижаните за ова лето и подготвени се да издвојат целот богатство, како што беше за Нејмар, па и Мбапе.

Иако Винисиус се смета за недопирлив во Реал и нема причина да биде продаден, доколку сумата биде примамлива, Перес ќе мора добро да размисли дали да ја одбие.

Винисиус е меѓу фаворитите за освојување на Златната топка откако со Реал сезонава стана двоен шампион во Шпанија и Европа. Дали ќе му биде предизвик да ја напушти Шпанија за Франција, тешко е да се каже, но изминативе неколку години видовме безброј случаи во кои парите зборуваат и за пари се прават тектонски поместувања.