ХОСЕЛУ Е ДОГОВОРЕН – РЕАЛ ИСПАЗАРИ КАЈ ВТОРОЛИГАШ
Објавено на: 18.06.2023
Кралскиот клуб се покаја и гокомплетира трансферот на играчот што некогаш настапуваше во редовите на најтрофејната шпанска и европска екипа.
И покрај тоа што е член на второлигашот Еспањол, Хоселу е шпански репрезентативец кој е новиот член на Реал Мадрид, јавуваат медиумите од Пиринејскиот полуостров.
Деталите на договорот се следните:
- Позајмица до јуни 2024.
– 500.000 евра за Еспањол.
– Незадолжителна откупна клаузула 1.5 милиони евра.
– Хоселу се согласува на помала плата.
За кого е најдобар овој договор? Дали напаѓачот ќе игра како што се очекува? Дали клубот ќе ја добие потребната енергија? Дали Еспањол е задоволен со отштетата?