Фудбал

АНДРЕ ОНАНА ПОЧИТУВА МААЛСКИ ФУДБАЛ (ВИДЕО)

Заврши сезоната за голманот на Интер со последниот свиреж на Марчињак во Истанбул, па камерунскиот голман се упати кон својот Камерун на заслужен одмор.

А таму, го чекаа неговите сограѓани за партија фудбал на земјените терени. На социјалните медиуми протече видео во кое се гледа како голманот на Интер овој пат не е меѓу стативите, играјќи фудбал со своите пријатели.

По фудбалот, не изостанаа ниту задолжителните фотографии со ѕвездата. Навистина, Онана покажа од каде доаѓа сета наша пасија за фудбалот – од маалските терени.