Фудбал

ДАРВИН НУЊЕЗ Е ДРУГ ИГРАЧ КОГА ИГРА ЗА УРУГВАЈ?

Со головите на напаѓачот на Ливерпул утринава против Коста Рика, Уругвај се искачи на врвот на групата Ц на Копа Америка, а дополнително тој се изедначи по бројот на голови во светло-синиот дрес со Хектор Скароне последователно постигнати.

За да биде уште поголема дилемата зошто Дарвин Нуњез игра подобро за Уругвај отколку за Ливерпул, потврдува и фактот дека израмни стар уругвајски рекорд од 10 постигнати голови на последните 7 натпревари, стрелајќи против Коста Рика, Бразил, Панама, Мексико, Боливија, Аргентина и повторно против Боливија претходно оваа недела.

До сега има постигнато 13 голa во дресот на Уругвај, а далеку пред него е претходникот со бројот 9 во репрезентацијата, Луис Суарез, со 68 „парчиња“. Тој вчера влезе на местото на Нуњез, а откако се врати во репрезентацијата, истакна дека не сака да ја земе повторно деветката која играчот на Ливерпул му ја понуди назад.

Иако Нуњез е мета на мемиња и потсмев на социјалните медиуми, вреди да се напомене дека неговите промашувања се „погласни“ од 18 постигнти голови за црвените претходната сезона. Ова лето ќе биде и пресудно по неговата кариера на Енфилд Роуд, бидејќи новиот менаџер по сите најави ќе сака да го замени со друг „шпиц“ во навалната линија.