Фудбал

КАРИЕРАТА ВО ЈУНАЈТЕД МУ ПОЧНА НА НАЈНЕПОСАКУВАН НАЧИН (ВИДЕО)

Трансферот на Лени Јоро во редовите на Манчестер јунајтед беше дочекан со многу оптимизам и ентузијазам од страна на навивачите на англискиот гигант, но неговата кариера во црвениот дрес почна на непосакуван начин.

Младиот француски стопер се повреди по само неколку минути во неговото деби на еден пријателски натпревар, по што се најде во ваква ситуација. Неговата лева нога е заштитена со лонгета со цел глуждот да биде фиксиран и да заздравува на правилен начин, а патериците му се потребни за движење.

Според Тен Хаг, Јоро ќе отсуствува подолг период и веројатно ќе го пропушти првото коло во Премиер лигата, кое токму Ѓаволите го отвораат на 16 август.