САКАТЕ ЛИ ПОЛУФИНАЛЕ МИЛАН-ИНТЕР?
Објавено на: 19.04.2023
Екипата на Милан го елиминира Наполи во 1/4 финалната фаза во Лигата на шампионите и по 2007-та година повторно е во најтесниот круг на екипи кандидати за трофејот во елитата.

Интер славеше со 2:0 против Бенфика и има предност пред реваншот, по кој, ако помине понатаму, ќе се соочи со градскиот ривал во дуел за место во Истанбул на 10-ти јуни.

Ќе помине ли Интер? И треба ли на Европа возобновување на ова ривалство?
Во 1/4 финалето 2005-та Милан славеше со вкупни 5:0, за потоа да загуби во финалето во Истанбул, додека во 1/2 финалето 2003-та со 1:1 на гости се пласира во финалето и го освои пехарот на Олд Трафорд.