Кошарка

ГОБЕР И ФУРНИЕ МИСЛАТ ДЕКА МОЖАТ ДО ЗЛАТО

Француските кошаркари со маѓичен пресврт и по продолженија стигнаа до четвртфиналето на Европското првенство, иако не беа фаворит против турските кошаркари.

Во следната нокаут фаза, Франција ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Србија и Италија.

Центарот на Французите и на Минесота Тимберволвс, смета дека овој тим може до златото и најави уште подобра игра во следниот дуел.

 

Ништо во овој спорт не е загарантирано, па затоа кошарката е толку добар спорт. Нашата цел е златниот медал, но од денес сме насочени само на следниот натпревар.

За разлика од него, Еван Фурние беше воздржан за финалниот пласман оваа сезона, а на прашањето дали можат против Србите тој одговори:

Србија? Ќе видиме. Мислевм дека сме готови во продолженијата, но успеавме да се врати и да се пласираме понатаму. Овие рани термини беа проблем за нас за да се подготвиме добро, но мислам дека ќе биде се подобро.