Фудбал

ШТО ПРАВАТ ШПАНСКИТЕ СУДИ(К)И? ОБЈАСНУВАЊЕТО Е ВО ТЕКСТОТ…

Женската Ла Лига треба да стартува викендов, но арбитрите се моментално во штрајк. Дали ќе стартува, ќе видиме попладнево. По состанокот со шпанската фудбалска асоцијација, дамите судии побарале повисоки примања и подобри услови за работа.

Судиките испратиле соопштение во четвртокот со назнака дека нема да работат под актуелните услови за работа и економските услови кои се во моментов на сила. Како што е наведено, не им се доволни 320 ЕУР за судија и 160 за асистент, по натпревар.

Ова треба(ше) да биде првата потполно професионална женска лига во Шпанија, но судиките велат дека се заборавени.