ФИФА ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО
Објавено на: 13.03.2026
ФИФА одобри неколку нови правила кои ќе се применуваат на Светското првенство 2026 година, со цел да се намали губењето време и да се подобри точноста на судиските одлуки.
Новите правила носат неколку важни промени во текот на натпреварите, а тоа се:
1. Играчите кои се заменуваат мора да го напуштат теренот во рок од 10 секунди. Доколку тоа не се случи, нивната замена ќе мора да чека една минута пред да влезе во игра.
2. Аутот ќе мора да се изведе во рок од 5 секунди. Ако играчот го надмине тоа време, топката автоматски ќе му припадне на противничкиот тим.
3. Фудбалерите кои добиле медицинска помош на теренот ќе мора да го напуштат игралиштето најмалку една минута пред повторно да се вратат во игра.
4. ВАР системот на судиите сега ќе може да ги проверува и вторите жолти картони, како и одлуките за корнер, доколку постои јасна и очигледна грешка.
Со овие промени ФИФА сака да ја забрза играта и да донесе поголема правичност во судењето на најголемиот фудбалски турнир во светот.