Кошарка

ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: НАВИВАЧКИТЕ ТЕНЗИИ ЗАВРШИЈА СО УБИСТВО НА ВОЗАЧОТ НА АВТОБУСОТ (ВИДЕО)

Кошаркарскиот натпревар меѓу Себастијани Риети и Естра Пистоија во втората италијанска лига заврши со трагедија. Возачот на автобусот кој беше полн со гостински навивачи го загуби животот, откако по натпреварот автобусот беше нападат од страна на домашни фанови, гневни по поразот на нивната екипа.

Автобусот иако се движел со полициска придружба, потпаднал под заседа, а домашните навивачи фрлале со тешки предмети кон автобусот. Една тула која го скрши ветробранското стакло, завршила право во возачот кој подлегнал на повредите на самото место на инцидентот.