ДРАМА ВО САД: ДЕВЕТ ПОВРЕДЕНИ ВО БЛИЗИНА НА БАЗАТА НА АНГЛИЈА
Објавено на: 07.06.2026
Светското првенство сè уште не започнало, а веќе пристигнуваат загрижувачки вести од Соединетите Американски Држави.
Според информациите на „Атлетик“, девет лица се повредени во вооружен инцидент што се случил во близина на базата каде што за време на Мундијалот треба да биде сместена репрезентацијата на Англија.
Пукањето се случило во Канзас Сити во раните утрински часови, околу 4 часот по локално време, во областа Труст Авенија. Локацијата се наоѓа на само неколку минути од хотелот и тренинг-центарот што англиската репрезентација планира да ги користи за време на турнирот.
Полициските служби по пристигнувањето затекнале поголема група луѓе кои се разотидувале од местото на настанот. Според првичните информации, три возрасни жени се здобиле со прострелни рани, а вкупно девет лица биле повредени во инцидентот.
Во моментов англиската репрезентација се наоѓа во Палм Бич, Флорида, каде ги продолжува подготовките за Светското првенство. Избраниците на селекторот имаат закажан пријателски натпревар против Костарика во Орландо пред да се преселат во својата база.
Инцидентот предизвика дополнителна загриженост бидејќи покрај Англија, во Канзас Сити за време на Светското првенство треба да бидат сместени и репрезентациите на Аргентина и Холандија.
Засега нема информации дека некој од фудбалските тимови бил директно загрозен, но настанот повторно ги отвори прашањата околу безбедноста за време на најголемиот фудбалски спектакл во светот.