Фудбал

ТЕО ХЕРНАНДЕЗ СО УШТЕ ЕДЕН ГОЛ ЗА СИТЕ НАЈАВНИ ШПИЦИ (ВИДЕО)

Штом забележиш дека Мајк Мањан, голманот на Милан му асистирал на Тео Хернандез, знаеш дека Французинот го репризирал ланскиот гол против Аталанта.

Бекот на Милан ја „собра топката“ која му ја подаде Мањан од сопствениот крај, го протроча целиот терен и постигна спектакуларен гол за 2:0 на миланезите против лацијалите.

Дамка на перформансот на Милан остави повредата на Рафаел Леао, кој во 11 минута мораше да го напушти теренот.