Фудбал

ДОЈДОА ПО МЕСИ, НА КРАЈ ЌЕ ГО НАТЕПАА (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси во Калуката (Индија) заврши со хаотични сцени, откако разочарани навивачи почнаа да фрлаат предмети и да оштетуваат делови од стадионот во Калкута.

Илјадници фанови, кои платија и до 12.000 рупии (120 евра) за билет, очекуваа повеќе од кратка прошетка на Меси по теренот. Аргентинската ѕвезда се појави накратко, но беше опкружен со официјални лица и познати личности, по што беше изведен од стадионот по околу 20 минути поради безбедносни причини.


Незадоволството брзо прерасна во инциденти, дел од навивачите влегоа на теренот, кинеа банери и фрлаа пластични столици и шишиња. Многумина изразија бес и разочараност што не добиле можност ниту јасно да го видат фудбалерот, иако платиле суми еднакви на месечна плата.

Посетата беше дел од т.н. „GOAT турнеја“ на Меси низ Индија, која вклучува промотивни настани во повеќе градови. Иако интересот беше огромен, организацијата остави горчлив вкус кај дел од навивачите, а властите во Западен Бенгал соопштија дека се „шокирани и вознемирени“ од случувањата.

За потсетување, во Калкута беше претставена и статуа на Меси висока 30 метри.