Фудбал

ДОКТОРИТЕ НЕ МУ ДОЗВОЛИЛЕ ДА ПАТУВА СО АВИОН: ЗОШТО ЖОТА ТРГНАЛ СО АВТОМОВИЛ КОН ЛИВЕРПУЛ?

Диого Жота се упатил кон Ливерпул со цел порано да стигне на претсезонските подготовки кои англискиот првак треба да ги почне идниот понеделник. Од Португалија преку Шпанија требало да се качи на брод и да плови до Велика Британија, од каде со неговиот автомобил требало да продолжи да вози до Ливерпул.

Овие информации ги откриваат португалските медиуми по вчерашата голема трагедија во која 28-годишниот офанзивец заедно со брат му Андре ги загубија животите по сообраќајната несреќа која се случи во регионот Замора, Шпанија.

Со своето Ламборџини, Жота се упатил кон Сантандер од каде поаѓал бродот со кој требало да патува до ВБ, а причината да патува со автомобил, наместо со авион, било препорака од лекарите на Ливерпул. Имено, Жота пред неколку недели имал операција на белите дробови, по што докторите го советувале да не патува со авион. Автомобилот во овој случај како алтернатива, се покажа како кобна опција.