Фудбал

ОД МЕСТОТО НА ТРАГЕДИЈАТА: НЕ ОСТАНА НИШТО ОД АВТОМОБИЛОТ ВО КОЈ ЗАГИНА ЖОТА (ВИДЕО)

Диого Жота, фудбалерот на Ливерпул, доцна во ноќта го загуби животот на само 28 години, откако загубил контрола врз својот автомобил и излетал од патот. Во возилото со него бил и неговиот помал брат Андре, кој исто така почина на местото на несреќата.

Според првичните информации од полицијата, утврдено е дека дошло до губење на контролата врз возилото од брендот „Ламборџини“, откако пукнала гума при претекнување.

Вака изгледа местото на несреќата, од автомобилот не остана ништо поради што веднаш пламна оган од кој не се спасија двајцата португалски фудбалери.