Фудбал

ДЕПАЈ РАЗМИСЛУВА МЕЃУ БАРСЕЛОНА И ЈУВЕНТУС

Холандскиот ас од Лион ќе биде слободен играч ова лето, а целата фудбалска елита е заинтересирана за доведување на напаѓачот во своите редови за 0 евра оштета.

Веќе на големо се најавуваше дека „дилот“ меѓу него и Барселона е завршен, но денес Мундо Депортиво обзнани дека покрај Барселона во трка се вклучува и Јувентус кој сака да го искористи двоумењето на Депај.

Според шпанскиот весник, двоумењето на Депај се должи поради одолговлекувањето на Лапорта со продолжување на ангажманот на тренерот Роналд Куман. Еден од условите на холандскиот напаѓач е токму останувањето на Куман на клупата на Камп Ноу со кого имаат одлична соработка во минатото.

Во меѓувреме, Каталонците го обезбедија сонародникот на Депај, Вајналдум исто така како слободен агент откако му заврши договорот со Ливерпул, како и Серхио Агуеро кој ќе му се придружи на Меси во нападот.