Фудбал

ДЕ ЗЕРБИ ГО ПРЕЗЕМА ПОРАНЕШНИОТ ЕВРОПСКИ ПРВАК

За Роберто Де Зерби постоеше огромен интерес од неколку гиганти, пред сѐ Челси, Барселона и Милан, за на крајот италијанскиот стратег да се одлучи за сосема нов предизвик, во друга лига.

Де Зерби е на чекор да биде назначен за нов тренер на Олимпик Марсеј, по успешните средби со управата на поранешниот европски првак. Договорот ќе трае три години, односно до јуни 2027 година, а Марсеј ќе плати 6 милиони евра отштета на Брајтон.

Марсеј заврши на осмото место во сезоната 2023/24 и нема да игра во Европа, па Де Зерби ќе има задача да го врати клубот при врвот во Лига 1 и повторно да биде конкурент за титулата во Франција.