Фудбал

ЈУНАЈТЕД И ЊУКАСЛ ИЗВИСИЈА, ЧЕЛСИ Е НА ПРАГОТ ДА ГО ВРАТИ „СВОЕТО ДЕТЕ“

Фабрицио Романо информира дека Челси и Кристал палас се блиску да постигнат договор околу трансферот на Мајкл Олисе.

Крилниот офанзивец на Палас веќе ги договори условите со Сините од Лондон, останува уште да се одреди начинот на плаќање на ангажманот, за Французинот и официјално да се врати во Челси. Олисе токму во овој клуб ги направи првите фудбалски чекори, па иако се водеше голема битка за неговиот потпис, Манчестер јунајтед и Њукасл на крајот извисија.

Челси и лани беше блиску да го откупи Олисе, но во последниот ден од летниот преоден рок, фудбалерот потпиша нов договор со Кристал палас, а Сините се определија за Кол Палмер, трансфер кој се покажа како полн погодок.

Олисе за Палас запиша точно 90 настапи во кои реализира 12 гола, oдносно асистираше на 25.