Фудбал

ТЕРЗИЌ ЏЕНТЛМЕНСКИ ГО НАПУШТИ КОРМИЛОТО НА МИЛИОНЕРИТЕ

Един Терзиќ повеќе не е тренер на Борусија Дортмунд, откако самиот отстапи од функцијата. Управата ја испочитува неговата одлука да биде заменет бидејќи клубот планира тотална реконструкција.

„Со голема тага потврдувам дека повеќе нема да ја извршувам функцијата тренер на првиот тим. Ми беше огромна чест  да го водам овој голем клуб до трофејот во германскиот Куп, како и финалето во Лигата на шампионите. По тој дуел на „Вембли“, ја замолив управата да ми верува во советот, обновата на тимот да започне со нов тренер. Минав 10 прекрасни години, од кои пет години бев дел од стручниот штаб и две и пол години како тренер“, истакна Терзиќ.

Милионерите под водство на Терзиќ беа и вицешампиони на Германија во сезоната 2022/23, откако ја испуштија титулата во последното коло по ремито од 2-2 против Мајнц.

Европскиот вицепрвак во наредниот период ќе го соопшти новиот тренер.