Останато

ДАНА ВАЈТ ПО UFC ВО БЕЛГРАД: ОВА НЕ САКАМ ПОВЕЌЕ НИКОГАШ ДА ГО ВИДАМ

UFC за првпат организираше настан во Белград, а спектаклот ги оправда очекувањата на љубителите на ММА.

На програмата имаше 14 борби, од кои дури 12 завршија со нокаут или предавање, а беа соборени и рекордите за најмногу прекини во првата рунда и најмногу прекини на една UFC приредба.

Претседателот на UFC, Дана Вајт, не го криеше задоволството од атмосферата и квалитетот на борбите, но призна дека една работа во арената воопшто не му се допаднала.

Станува збор за пиротехниката на трибините, кои се вообичаен дел од навивачката култура на Балканот и во Европа, но речиси никогаш не се гледаат на UFC настани во САД.

Ги видов за првпат на еден UFC настан и не сакам никогаш повеќе да ги видам.

Иако бакљите создадоа впечатлива атмосфера, првиот човек на УФЦ истакна дека тие претставуваат безбедносен ризик и дека нема место за такви сцени на приредбите на организацијата.

За среќа, натпреварувањето помина без инциденти, а сите присутни безбедно ја напуштија арената по завршувањето на спектаклот.