ДОСТАВУВАЛ ПИСМА, ДОБИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ОД СВЕТСКО НА КУКУРЕЉА
Објавено на: 01.08.2026
Марк Кукуреља има лето за паметење. Со Шпанија ја освои светската титула, потоа направи голем трансфер во Реал Мадрид, а сега ги воодушеви навивачите со еден едноставен, но многу емотивен гест.
Додека ги пакувал работите пред заминувањето од Англија по трансферот од Челси, на неговата адреса во Хоршам пристигнал локалниот поштар Гери.
Откако побарал селфи со шпанската ѕвезда, добил нешто што сигурно ќе го памети цел живот.
Кукуреља го извадил златниот медал освоена на Светското првенство и му дозволил на поштарот да го стави околу вратот.
Marc Cucurella let his mailman wear his #FIFAWorldCup gold medal 😂🥇👏
📸: FB/Visit Horsham pic.twitter.com/j5l41Slw24
— TSN (@TSN_Sports) July 31, 2026
Фотографијата и приказната брзо се проширија на социјалните мрежи, каде што фудбалерот доби бројни пофалби за својата скромност и пристапност.
Еден коментар особено стана вирален:
Гери веројатно беше најблиску што еден Англичанец дошол до светско злато во последните 60 години.
Иако ова лето беше во центарот на вниманието поради светската титула и трансферот во Реал Мадрид, многумина сметаат дека токму оваа мала гестикулација најдобро покажува каков човек е Марк Кукуреља надвор од фудбалските терени.