Фудбал

ВО ИДЕАЛНИТЕ 11 НА СКП СЕ НАЈДОА 40-ГОДИШНИОТ СТОПЕР И МАТУРАНТОТ НА РЕАЛ (ФОТО)

Традиционално по завршување на секој шампионат се одредува идеалниот тим на турнирот, па така и ова прво издание на ФИФА Светско клупско првенство со новиот формат, ги избра најдобрите 11.

Шампионот Челси го претставуваат четворица играчи, тоа се МВП Кол Палмер, Марк Кукуреља, Педро Нето и Енцо Фернандес. Витиња, Маркињос и Ашраф Хакими од ПСЖ исто така се најдоа во идеалниот тим, а има и двајца играчи од Флуминенсе – Џон Аријас и 40-годишниот ветеран Тијаго Силва.

Боно од Ал-Хилал е на голманската позиција иако Роб Санчес беше прогласен за најдобар голман на првенството, додека прогласениот најдобар стрелец Гонзало Гарсија од Реал Мадрид, го комплетира идеалниот тим.