Фудбал

ПОРАДИ ТРАМП, ФИФА МУ ДОДЕЛИ РЕПЛИКА ОД ТРОФЕЈОТ НА ЧЕЛСИ, А ОРИГИНАЛОТ ОСТАНА ВО БЕЛАТА КУЌА

Премиерното Светско клупско првенство со новиот формат беше добар организациски тест за САД во пресрет Мундијалот кој идното летото ќе се игра токму во Соединетите Држави, покрај Канада и Мексико. Иако имаше пропусти, целокупно гледано турнирот помина без поголеми проблеми, а САД како организатор доби пролазна оценка со неколку совети како Светското првенство идната година да биде уште подобро организирано Светското првенство.

Во текот на шампионатот се активира и Доналд Трамп, претседателот на САД, кој го проследи финалето во Њу Џерси и беше задолжен да го додели трофејот на победникот, а она што е интересно е дека Челси не го крена оригиналниот трофеј по победата над ПСЖ во големото финале.

Имено, реплика која ФИФА дополнително ја изготвила беше доделена на капитенот Рис Џејмс, а првиот изработен трофеј, оној оригиналниот, остана во Белата куќа во претседателската канцеларија. Според повеќе медиуми, од ФИФА му најавиле на претседателот дека може да го задржи оригиналниот трофеј како сувенир во неговата канцеларија.