Фудбал

ВИНИСИУС Е РОДЕН АКТЕР, СЛОБОДНО МОЖЕ ДА СМЕНИ КАРИЕРА (ВИДЕО)

Винисиус јуниор сѐ почесто се обидува да изнуди прекршок и санкција за противничките играчи глумејќи при секој физички контакт.

Вчера на гостувањето кај Сосиедад, каде Реал славеше со минимални 1-0 во првото полуфинале од шпанскиот Куп, бразилскиот офанзивец имаше театрален момент кога изглуми навидум тежок удар во лицето, а всушност противничкиот играч ни приближно не го удри.

Ваквите драматични паѓања делуваат очајно во очите на фудбалската јавност и воопшто не се атраттивни за гледање, особено што доаѓаат од фудбалер кој се смета за еден од најдобрите во светот.