ТРГНА ДА ГО БРАНИ СИНЕР, ПА ИМ НАПРАВИ ПРОБЛЕМИ НА ТЕНИСЕРИТЕ: ЈАНИК НЕ Е ЕДИНСТВЕН КОЈ СЕ ДОПИНГУВАЛ
Објавено на: 25.02.2025
Тони Надал, чичкото на Рафаел Надал, застана во одбрана на Јаник Синер, откако тениската јавност изрази незадоволство по суспензијата од само три месеци за користење недозволени супстанци.
Повеќето тенисери истакнаа дека суспензијата е смешна и со двојни стандарди во обид да се заштити италијанскиот тенисер, без разлика што Синер немал намера да користи допинг, туку случајно се нашло во неговото тело.
Тони Надал пак, со помалку контровезната изјава им нанесе проблеми на останатите тенисери, односно отвори шпекулации кој сѐ претходно успеал да се спаси од суспензија, ако навистина користеле допинг.
„Изненаден сум од тенисерите кои се свртеа против Синер. Дури и некои од највисокото тениско ниво не се потполно чисти. Го познавам Синер и сигурен сум дека немал намера да стори кривично дело. Не смеете така да се однесувате со него ако грешката била случајна“, изјави Тони Надал.
Дали оваа изјава е само обид да му се даде поддршка на актуелниот светски рекет број 1, или пак ќе се искористи за да се покрене истрага и против други тенисери, останува да се види.