Фудбал

ЕВЕ КАДЕ ЛЕЖАТ ПРОБЛЕМИТЕ НА ЛИВЕРПУЛ

Екипата на Јурген Клоп игра под сите очекувања во текот на актуелното првенство, откако минатата сезона не успеа да освои голема титула – ниту во Премиерлигата, ниту во Лигата на шампионите. На двата плана, киксна за влакно.

Во домашното првенство Манчестер Сити избега за бод (93/92), а во елитната лига загуби од Реал Мадрид во финалето. Сезонава, црвениот навален ред игра катастрофално, а во сивилото се вклопуваат и големото засилување и староседелецот:

Промашени сигурни шанси во Премиерлигата:

No. 1: Darwin Nunez (15)
No. 2: Mohamed Salah (12)

Од друга страна, пак, како паралела за споредба – уругвајскиот напаѓач под водство на Јурген Клоп има повеќе и голови и асистенции, отколку, на пример, Роберт Левандовски во првата сезона под палката на германскиот стручњак.

Ќе се вратат ли црвените во форма?