БОБО ВИЕРИ УШТЕ ГО ИМА ГОЛ-ИНСТИНКТОТ (ВИДЕО)
Објавено на: 22.11.2022
Во емисијата на италијанската државна телевизија посветена на Светското првество, гостин беше Кристијан Бобо Виери, легендарниот италијански напаѓач кој се проба заедно со водителот во „пенал“ изведувања.
Првиот пат можеби промаши агол, но на втора Бобо не промашува. Погледнете:
Емисијата впрочем помина во не толку зовриена атмосфера, поради отсуството на Италија која како што добро се сеќаваме, беше поразена во Палермо од четата на Благоја Милевски.