СЛАТКИ ИЛИ ВИСТИНСКИ МАКИ ЗА ТИТЕ – КОЈ Е ПРВ ИЗБОР НА ГОЛМАНСКАТА ПОЗИЦИЈА?
Објавено на: 22.11.2022
Репрезентацијата на Бразил се соочува со повеќе потенцијални проблеми пред стартот на светското првенство во Катар, односно пред нивниот прв натпревар во групата кој ќе го одиграат против селекцијата на Србија.
Освен што Србите се напалени и се надеваат дека ќе го совладаат петкратниот шампион и рекордер на мундијалите, селекторот на кариоките има толку многу проблеми со составувањето на ростерот, што не знае кого да стави во првата постава, а кој да остане на клупа.

Општо е познато дека голманот, ако не брани од почетокот или во текот на целиот шампионат, знае да киксира и да ја загуби контролата врз себе и врз играта. Дали тоа ќе им се случи на Бразилците? Кого би играле вие на позицијата број 1? Алисон или Едерсон?