Фудбал

КОЈ ГУБИ ИМА ПРАВО ДА СЕ ЛУТИ (ВИДЕО)

Валенсија го шокираше Реал во саботата со победа од 2-1 на „Бернабеу“ во дербито од 30-тото коло во Ла Лига, пораз кој може да ги остави Кралевите без титулата во шпанското првенство. Тимот на Анчелоти по ова коло заостанува четири бода зад лидерот Барселона, на осум натпревари до крајот на сезоната.

Колку болеше поразот, покажува реакцијата на Џуд Белингем по крајот на мечот. Дуро ги постави конечните 2-1 во петтата минута од судиското надополнување, а откако се слушна последниот свиреж, англиската ѕвезда нервозно се упати кон соблекувалната. Целиот исфрустриран, Џуд не ги исконтролира емоциите и силно удри со ногата во мониторот на ВАР, како технологијата да му е виновна за поразот.

Кој губи, има право да се лути, нели?