ХАОСОТ ВО БЕЛГРАД ИМА ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ: ЗВЕЗДА ПОДНЕЛА ЖАЛБА
Објавено на: 02.06.2022
По сите настани кои беа видени на третиот меч од финалната серија во АБА лигата, овој двомеч меѓу Црвена звезда и Партизан наликува на оној со Будуќност, кога беше видена мајсторка во 2019-та година.
Црвена звезда излезе со соопштение по завршувањето на мечот, а комплетната документација за жалбата ќе била објавена во текот на денот:
„Дали треба да му ја подариме титулата на најтрофејниот тренер? Бевме цел на кеси полни со плуканица. Во салата имаше 1.500 луѓе повеќе од дозволениот број (8.000). Среќни сме што спасивме жива глава. Згора на се, коментарите во преносот не беа на место. Одговорноста паѓа на АБА лигата и на Партизан како организатор. Главниот судија Болтаузер (Словенија) ни рече дека не знае да чита на кирилица, се надеваме дека делегатот знае. Ќе следи комплетна документација за се што (ни) се случуваше во текот на целиот ден.“ – се вели во соопштението.
View this post on Instagram
Ова се сцени кои никој не сака да ги гледа, апелирав и апелирам до навивачите на Партизан вакви нешта да не се случуваат. Но, зошто судиите не празнеа сала и на првиот меч, на кој беше исто? Безбедноста на играчите и актерите е најважна. – истакна Жељко Обрадовиќ, тренерот на Партизан.
Партизан победи со 70:67 по 40 минутен прекин на 57 секунди до крајот на мечот. Финалната серија се игра до три победи, Црвена звезда води со 2:1, на следниот меч повторно е домаќин Партизан, а на евентуалната мајсторка ќе биде Звезда.