Фудбал

АНГЕЛОВСКИ: ИСПИШАВМЕ ФУДБАЛСКА БАЈКА, ЗАМИНУВАМ ОД КЛУПАТА НА МАКЕДОНИЈА

Горан Пандев го одигра последниот натпревар, а селекторот Игор Ангеловски последен пат ја предводеше Македонија од клупата. Го потврди тоа на прес – конференцијата по мечот.

„Испишавме една прекрасна приказна која започна пред пет години, а кулминираше со настап на Европското првенство. Денеска го испративме нашиот капитен Горан Пандев, кој е најзаслужан за успесите, но би сакал да ги поздравам сите фудбалери, стручниот штаб, спортските новинари и сите останати со кои работев во овој изминат период. Посакувам Македонија да продолжи со успесите, а ова е моја последна прес – конференција и репрезентативна активност. Мојот договор истекува на крајот од месецот“, изјави селекторот Игор Ангеловски.