НИШТО ОД ТОРИНО, ЕЛМАС ЌЕ БАРА НОВ КЛУБ ЛЕТОВО
Објавено на: 27.05.2025
Се чекаше крајот на сезоната во Серија А за управата на Торино да одлучи дали ќе ја активира откупната клаузула на Елиф Елмас, но Биковите решија да не го задржат нашиот Дијамант во своите редови и покрај одличните партии кои ги пружу во втората полусезона.
Сумата од 17 милиони евра која беше договорена при позајмицата од Лајпциг, за Торино е скапа, што значи дека Елмас од јули се враќа во Лајпциг од каде ќе трага по нов клуб. Бундеслигашот секако нема да го задржи бидејќи Елмас не ја добива посакуваната минутажа, а неколку екипи се веќе во игра за неговиот потпис.
Одново камбек во Калчото како член на Фиорентина е една од шпекулациите која кружи околу иднината на Елмас, додека интерес покажува и холандскиот вицепрвак Ајакс, каде летово се очекува ремонт на составот откако Копјаниците ја испуштија титулата во Ередивизија.
Лајпциг веројатно ќе бара слична сума како договорената со Торино за да се ослободи од македонскиот репрезентативец,