Мотоспорт

АНТОНЕЛИ СТАНА НАЈМЛАД ПРВАК ВО ФОРМУЛА 1, А ЗАРАБОТУВА „МАЛКУ“

Италијанецот Кими Антонели стана најмладиот светски шампион во историјата на Формула 1, откако со третото место на трката за Големата награда на Мексико синоќа ја обезбеди титулата на четири трки пред крајот на сезоната.

Возачот на Мерцедес има само 20 години и го урна рекордот на Себастијан Фетел, кој во 2010 година стана шампион на возраст од 23 години. Антонели е и првиот Италијанец со титула во Формула 1 по Алберто Аскари во далечната 1953 година.

Антонели во Мерцедес пристигна како 18-годишник, а само две сезони по неговото деби во Формула 1, Антонели го постигна најголемиот можен успех.

Интересно е што Италијанецот ја има една од најниските основни плати во Формула 1. Според германскиот „Билд“, таа изнесува само околу 1,79 милиони евра. На пример најплатениот, Макс Ферстапен, има годишна плата од 62 милиони евра. Дури 17-мина пилоти заработуваат повеќе од Антонели во моментов.