БАРСЕЛОНА ПОВТОРНО ГО ПОСАКУВА БАСТОНИ, ИНТЕР БАРА 70 МИЛИОНИ ЕВРА
Објавено на: 02.11.2026
Барселона не се откажува од Алесандро Бастони и подготвува нов обид за негов ангажман во зимскиот преоден рок. Според „Скај Спорт Италија“, каталонскиот клуб и натаму е во контакт со претставниците на италијанскиот дефанзивец, кој минатото лето беше многу блиску до трансфер на „Камп Ноу“.
Бастони тогаш прифатил договор до 2031 година, но Ханси Флик во последен момент се откажал од трансферот. Сега италијанскиот репрезентативец е подготвен повторно да разговара, но сака директна средба со германскиот стратег за да добие гаранции за својата улога во тимот.
Главната пречка е Интер, кој за својот дефанзивец бара 70 милиони евра. Во меѓувреме, миланскиот клуб започнал преговори за продолжување на договорот, но почетната понуда била одбиена како недоволна.
Договорот на Бастони истекува во јуни 2028 година, а Барселона се надева дека во јануари ќе успее повторно да ја отвори трансфер-сагата.