Фудбал

ФЛИК НАЈАВУВА: „БАРСЕЛОНА ОДИ ПО ТРОФЕИТЕ ВО ЛШ И ВО ЛА ЛИГА“

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, очекува тежок натпревар против Астон вила во Лигата на шампионите, но верува во квалитетот на својот тим и покрај проблемите со повредени играчи.

Германецот потврди дека Барселона има четворица отсутни во одбраната, но очекува Ерик Гарсија, Кунде и Кристенсен да бидат подготвени по репрезентативната пауза.

Флик не сака да се навраќа на последните порази од ПСЖ и Реал Мадрид, нагласувајќи дека резултатите можеле да бидат поинакви.

„Имаме квалитет да се бориме за титулата во Ла Лига и Лигата на шампионите. Поразите не ја менуваат нашата насока“, порача тренерот.

Тој имаше пофални зборови и за Унаи Емери, кого го смета за еден од најдобрите тренери во Европа, а посебно ја истакна формата на Рафиња, кој во последниот период игра и како централен напаѓач.