АНДРЕ ОНАНА ЌЕ „ЛАПА“ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА
Објавено на: 06.04.2026
Ситуацијата околу Андре Онана во Манчестер Јунајтед станува сѐ покомплицирана и покрај тоа што голманот е на чекор до значително зголемување на платата.
Клубот веќе размислува за следната сезона, особено бидејќи пласман во Лигата на шампионите повторно е реална опција. Токму тоа може да предизвика неочекуван пресврт.
Онана моментално е на позајмица во Трабзонспор, потег кој им помогна на црвените ѓаволи да го намалат буџетот за плати по сезоната без европски фудбал. Но, договорот нема клаузула за откуп што значи дека камерунскиот голман ќе се врати на Олд Трафорд во јули.
И тука започнува дилемата. Во договорите на играчите постои клаузула за намалување на платите од 25% доколку тимот не се пласира во Лигата на шампионите. Но, со оглед на тоа што Јунајтед е во добра позиција на табелата, враќањето во елитата би значело автоматско зголемување на платите вклучително и на Онана.
Тоа го прави неговиот случај чувствителен.
Клубот размислува за продажба, но повисоката плата може да ги одврати потенцијалните купувачи. Од друга страна, самиот Онана нема намера лесно да се откаже, сака да остане и да се бори за првото место, во конкуренција со Сен Ламенс.
Неговиот договор трае до 2028 година, а Јунајтед би барал околу 19 милиони фунти за да избегне финансиска загуба.
Заклучокот е јасен:Онана добива покачување, но неговата иднина во Манчестер Јунајтед е далеку од сигурна.