БЕЈЛ СЕ ВРАЌА ВО МАДРИД
Објавено на: 03.06.2021
Враќањето на Карло Анчелоти во Реал Мадрид ќе донесе многу промени во составот на Кралевите за наредната сезона.
Иако беше најавено заминување на Еден Азар и продажба на Герет Бејл, сепак Италијанецот има други планови за двајцата.
Герет се враќа и верувајте, ќе биде помотивиран од било кога. Пред нас претстои многу добра сезона и Герет тоа го знае.
Запрашан за иднината на Азар, Анчелоти се надоврза:
Еден е врвен играч, еден од најдобрите. Без сомнение ќе блесне повторно искажувајќи ги своите способности.
За крај, Италијанецот беше запрашан и за евентуално враќање на Кристијано Роналдо во белиот дрес.
Имам неверојатен однос со него, премногу ми е драг, но Кристијано е под договор со Јувентус и не е коректно да разговараме за играчи кои имаат договор со други клубови.
Дали Анчелоти може да ги соедини повторно Роналдо, Бејл и Бензема, овој пат надополнети со Еден Азар?