Фудбал

ПО ШТО ГО ПАМЕТАТ АНЧЕЛОТИ ВО МАДРИД?

Кралскиот клуб го врати тренерот кој им ја донесе јубилејната 10-та титула во ЛШ, со триумфот 4:1 против градскиот ривал Атлетико во 2014-та, во Лисабон.

Тоа беше петто финале со два тима од иста земја, второ сешпанско финале, до денес прво и единствено на екипи од ист град. Рамос во 93-та минута изедначи на 1:1, а потоа во продолженијата беше демолиран противникот.

Тоа беше четврто финале за Дон Карло, во претходните три освои две титули со Милан против Јувентус во 2003-та и против ЛИверпулво 2007-та, а во 2005-та беше поразен на пенали од Ливерпул, по водството 3:0 по првото полувреме.