Фудбал

ЛОРДОТ И ПЛЕЈБОЈ, ГО НАПУШТИ ФУДБАЛОТ

Данскиот интернационалец, најпознат за јавноста додека го носеше дресот на Арсенал, екипа за која во 9 сезони постигна 45 гола на 171 натпревар, реши на 33-годишна возраст да му каже збогум на фудбалот.

Никлас Бендтнер најверојатно ќе стане тренер, забележан е како посетува курсеви. Додека беше играч, беше во затвор поради напад на таксист, прокоцка милини на покер, има дете со бароница, како и други испади.

Неговиот надимак „лорд“ му беше доделен поради пресамоувереноста и поради главно лошите игри на подолг рок, но има и еден момент по кој ќе го паметиме – најбрзиот гол на една замена во Премиерлигата: