Фудбал

НОВИОТ ТРЕНЕР НА ЈУНАЈТЕД ТРЕБАШЕ ДА КОМАНДУВА ВО ЛОНДОН, НО…

Рубен Аморим наскоро ќе биде претставен како нов менаџер на Манчестер јунајтед, откако управата најде експресна замена за Ерик Тен Хаг, па така португалскиот стратег ќе ја оствари долгоочекуваната преселба во Премиер лигата.

Предводникот на Спортинг во текот на летото беше мета на неколку премиерлигаши, но сепак одлучи да остане во Лисабон, за само неколку месеци подоцна сепак да одговори на повикот на Црвените ѓаволи.

Беше на списокот на Челси пред Сините да се одлучат за Енцо Мареска, додека медиумите го најавуваа како наследникт на Пеп Гвардиола во Сити, додека еден лондонски клуб направи лоша проценка и се откажа од услугите на Аморим.

Тоа е Вест хем, чија управа се сомневала во способностите на Аморим поради немањето искуство да води голем клуб. Чеканите потоа го ангажираа Хуле Лопетеги, со кого тимот има учинок од три победи, две ремија и четири порази по 9 кола во Премиер лигата.