МУЛТИРЕКОРДЕРОТ НА БАЕРН ЈА ИГРА ПОСЛЕДНАТА СЕЗОНА?
Објавено на: 31.10.2024
Томас Милер, еден од најуспешните фудбалери во историјата на Баерн Минхен и германскиот фудбал, размислува да стави крај на кариерата по крајот на тековната сезона.
Рекордерот на Баварците по бројот на настапи, победи и освоени трофеи ја игра последната година од договорот и како што се одвива сезоната, така опцијата да се пензионира му станува сѐ пологична.
Милер пред повеќе од еден месец наполни 35 години, во Баерн израсна почнувајќи од младинските категории па сѐ до првиот тим каде се етаблира во еден од најдобрите играчи во клупската историја. Претходно сезонава се повлече од репрезентацијата на Германија откако не успеа да го освои единствениот трофеј кој му недостасува, а тоа е европска титула.
Доколку нештата не се сменат во блиска иднина, односно Баерн не покаже дека Милер и натаму е важен за тимот, Томас ќе се повлече, но има шанси и да се пресели преку Барата и да се проба во МЛС лигата, што и натаму е опција откако неколку американски клубови се обидоа да го ангажираат Германецот во летниот преоден рок.