Фудбал

ОДЛОЖЕН ДУЕЛОТ ВАЛЕНСИЈА – РЕАЛ МАДРИД ПОРАДИ КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ

Во Валенсија е прогласена тридневна жалост откако околу 100 луѓе ги загубија животите во поплавите кои деновиве го зафатија овој регион во Шпанија.

Во знак на почит, Ла Лига одлучи да одложи пет фудбалски натпревари, од кои два се од популарната Примера.

Дуелот Валенсија – Реал Мадрид, кој беше предвиден за сабота навечер, ќе се игра во друг термин кој ќе се одреди во најкраток можен период, а нов датум на одигување ќе добие и средбата меѓу Виљареал и Рајо Ваљекано, како и три натпревари од Втората шпанска лига.